УХМР најавува пообилен дожд, грмежи, силен ветер и локално невреме

Сподели со своите пријатели

Пообилен дожд, грмежи, силен ветер и локално невреме ќе следува во претстојните денови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Под влијание на циклонска активност до крајот на месецот времето ќе биде пороменливо облачно со честа појава на повремени врнежи од дожд.

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и силен ветер (над 70 км/ч), особено од четврток.

Во овој период локално се очекува да наврне поголема количина на дожд (над 60 л/м 2 ).

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Инспекциите продолжуваат во објекти за прослави и големи собири