Општинското основно училиште „Магдалена Антова“ во кумановската населба Карпош ќе добие ново спортско игралиште.

Како што информираше градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, во тек е асфалтирање на игралиштето, по што ќе следува поставување на тартан подлога и заштитна ограда.

Игралиштето ќе биде мултифункционално, при што ќе биде поставена опрема за фудбал и кошарка.

Паралелно во меѓувреме се работи и на изградба на ново детско катче во населбата Зелен рид.

Проектот освен овие два зафати, предвидува детски катчиња на кејот на реката Кумановка, во населбата Перо Чичо, како и на уште една локација во градот.



Никола Ивановски

