По разговорите Путин – Трамп продолжи војната во Украина

Сподели со своите пријатели

Русија и Украина извршија воздушни напади една врз друга кои ја оштетија нивната инфраструктура, само неколку часа откако рускиот претседател Владимир Путин рече дека Русија ќе престане да ги гаѓа украинските енергетски објекти.

Руски цели биле болници, тврди украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Рускиот лидер практично го отфрли сеопфатниот прекин на огнот за време на разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп, смета Зеленски.

Путин му рекол на Трамп дека целосен прекин на огнот ќе биде возможен само ако сојузниците на Украина престанат да обезбедуваат воена помош, услов што претходно го отфрлија европските сојузници на Киев.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија бомбардираше болница во Харков. 30.000 луѓе без електрична енергија

Официјални лица во јужниот руски регион Краснодар изјавија дека нападот со украинско беспилотно летало предизвикал мал пожар во складиште за нафта.

„Имаше удари, особено врз цивилната инфраструктура, вклучително и болницата во Суми“, рече Зеленски неколку часа откако Путин се согласи да ги запре нападите врз енергетската инфраструктура.

Русија истрела повеќе од 40 беспилотни летала во Украина неколку часа по разговорите Трамп-Путин, рече Зеленски.

„Токму ваквите ноќни напади од Русија го уништуваат нашиот енергетски сектор, нашата инфраструктура и нормалниот живот на Украинците“.

„Путин практично го отфрли предлогот за целосен прекин на огнот“, додаде украинскиот претседател.

Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана соопшти дека Украина лансирала 57 проектили и сите биле пресретнати и уништени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија бомбардираше болница во Харков. 30.000 луѓе без електрична енергија

Од тој број, 35 беа над рускиот пограничен регион Курск, каде од август руската војска се обидува да ги потисне украинските единици по ненадејниот упад.

Во Белгород, руски регион на границата со Украина, гувернерот рече дека ситуацијата е тешка.

Москва во вторникот соопшти дека украинските сили се обиделе да извршат копнен напад врз Белгород, но биле одбиени.

Во разговорот, Путин отфрли итен и целосен прекин на огнот во Украина, согласни само за запирање на нападите врз енергетската инфраструктура.

Рускиот лидер го отфрли сеопфатниот едномесечен прекин на огнот за кој тимот на Трамп неодамна преговараше со Украинците во Саудиска Арабија.

Американските разговори за Украина треба да продолжат во недела во Џеда, Саудиска Арабија, изјави Стив Виткоф, специјален претставник на САД.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија бомбардираше болница во Харков. 30.000 луѓе без електрична енергија

Околу 80 отсто од енергетската инфраструктура на Украина е уништена од руските бомби, изјави претходно Зеленски.

Киев за возврат изврши напади со беспилотни летала и ракети длабоко во руската територија, насочени кон постројки за нафта и гас.