Еден повреден од пожарот во Кочани префрлен во кумановската болница

Сподели со своите пријатели

Еден пациент од пожарот од Кочани е префрлен од Штипската во Кумановската болница, информираше директорот на кумановската болница д-р Стефан Трајановски.

Loading...

– Тој е со полесни повреди, не е во животно-загрозувачка состојба. Ќе се следи неговата состојба, изјави Трајаноски.

Кумановската болница од утрово е во потполна приправност, двојно се зголемени службите на одделенија за хирургија, анестезија, трансфузиологија и во болничката аптека. Од болницата информираа дека се во состојба на приправност и се подготвени со полни капацитет, кадровски, просторно да прифатиме пациенти од клиниките или од која било друга болница од државата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Филип Стевановски од Куманово меѓу загинатите во Кочани

МИА