Норвешкиот премиер: Треба значително да ја зголемиме помошта за Украина

Сподели со своите пријатели

Норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе денеска во парламентот изјави дека неговата земја треба значително да ја зголеми финансиската помош за Украина.

Loading...

Норвешкиот парламент минатата година се согласи да одвои 35 милијарди круни (3,22 милијарди долари) за воена и цивилна поддршка за Украина во 2025 година, со што вкупната помош од 2023 до 2030 година ќе достигне 155 милијарди круни во рамките на програмата наречена Нансен, пренесува Ројтерс.

„Сакам да предложам значително зголемување на програмата за помош на Нансен за Украина оваа година“, рече Сторе.

Во програмата Нансен се вклучени неколку норвешки партии со цел билатерална поддршка на Киев, а именувана е по нобеловецот за мир Фридтјоф Нансен, потсетува британската агенција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Политико: Соработниците на Трамп водат тајни разговори со противниците на Зеленски

Премиерот додаде дека ќе се организира поддршка за што поскоро да се обезбеди најголема можна воена помош на Киев.

Тој исто така рече дека владата планира и зајакнување на норвешката војска, пренесува Танјуг.

Норвешка е уште една европска земја која сака да ги зголеми трошоците за одбрана, како и да обезбеди поддршка за Украина откако американскиот претседател Доналд Трамп ја прекина воената помош за Украина, наведува Ројтерс.