Американски дипломати испратија протестно писмо до Марко Рубио поради затворањето на УСАИД

Сподели со своите пријатели

Неколку стотици дипломати од американскиот Стејт департмент и Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) испратија протестно писмо до државниот секретар Марко Рубио поради затворањето на агенцијата.

Loading...

Во писмото се истакнува дека затворањето на УСАИД го поткопува американското лидерство и безбедност и „создава вакууми на моќ што Кина и Русија можат да ги искористат и пополнат“, пишува Ројтерс.

Потписниците на протестното писмо предупредуваат дека одлуката на администрацијата на Доналд Трамп од 20 јануари да ја замрзне речиси целата американска странска помош ги загрозува американските дипломати и војници во странство и ги става на ризик животите на милиони луѓе ширум светот кои зависат од помошта на САД.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хамас го обвинува Трамп дека со закани се обидува да го зголеми притисокот врз Газа

Повикувајќи се на американски функционер запознаен со иницијативата, кој сакаше да остане анонимен, Ројтерс известува дека повеќе од 700 луѓе потпишале протестно писмо упатено до Рубио.

„Одлуката за замрзнување и раскинување на договорите за помош на САД без никаква значајна анализа ги загрозува нашите партнерства со клучните сојузници, ја нагризува довербата и создава можности за непријателите да го прошират своето влијание“, се нагласува во протестното писмо.