Земјотрес од 5,6 степени во пограничниот регион меѓу Мјанмар и Индија

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди пограничниот регион на Мјанмар и Индија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Loading...

Земјотресот се случи утринава околу 5 часот и 36 минути, на длабочина од 10 километри.

Местото на земјотресот се наоѓа на 55 километри источно од градот Имфал, Индија и 51 километар североисточно од Тубал, Индија.

Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Северна Кореја повторно забрани влез за туристи, по само неколку недели