Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас изјави дека желбата на Брисел да соработува со Вашингтон се заснова на принципите за кои САД отсекогаш се залагале, а тоа се слободата и независноста, односно основните принципи на меѓународното право.
Истакнувајќи дека САД го промениле своето однесување кон Европа и Украина откако американската делегација се сретнала со руската делегација.
Калас за Си-Би-Ес изјави дека ЕУ, заедно со САД, предложиле резолуција за поддршка на Украина за која беше изгласана во Обединетите нации минатата недела и која предвидува повлекување на руските трупи, но дека Вашингтон го променил ставот по разговорите со руската делегација и гласал против усвојувањето на резолуцијата.
„За нас беше изненадување што САД наеднаш ја сменија својата позиција. Морам, знаете, навистина да нагласам дека заедно со новата (американска) администрација подготвивме резолуција за поддршка на Украина. Но, кога се сретнаа со Русите, потоа нешто се случи, бидејќи однесувањето се промени.“
Значи, прашањето е каде понатаму?
„Нашата волја и желба е да работиме заедно со нашите трансатлантски партнери на принципите за кои САД отсекогаш се залагале“, рече Калас.
Таа минатата недела во Обединетите нации рече дека САД се поврзуваат со „нови пријатели“ – Русија, Белорусија, Судан, Северна Кореја – во ОН бидејќи тие земји гласаа против резолуцијата поддржана од ЕУ за Украина, која бара повлекување на руските трупи.
На 24 февруари, САД гласаа против резолуцијата за Украина на Генералното собрание на ОН, отфрлајќи ја формулацијата која ја обвини Русија за инвазијата на Украина и бара прекин на војната.
За резолуцијата гласаа 93 членови, 18 беа против, а 65 беа воздржани, пренесува Танјуг.