Рамафоса: Сакам да го решам спорот со Трамп за тужбата за геноцид против Израел

Сподели со своите пријатели

Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса денеска изјави дека сака да „склучи договор“ со американскиот претседател Доналд Трамп за да го реши спорот околу копнената политика на Јужна Африка и случајот што Јоханесбург го покрена против Израел пред Меѓународниот суд на правдата (МСП) за геноцид во Газа.

Loading...

Рамафоса рече дека сака „прашината да се спушти“ по извршната наредба на Трамп, со која се прекина помошта за Јужна Африка, но додаде дека долгорочната цел е да се оди во Вашингтон за да се поправат односите, пренесува Ројтерс.

„Не сакаме да одиме да се објаснуваме. Сакаме да одиме и да направиме значаен договор со САД за цела низа прашања“, рече Рамафоса.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Администрацијата на Трамп укинува повеќе од 90 отсто од странската помош на УСАИД

Тој не кажа што може да вклучува договорот, само дека може да допре до трговски, дипломатски и политички прашања.

Јужна Африка не е многу зависна од американската помош, но постои загриженост дека може да биде загрозен повластениот трговски статус што земјата го ужива според американскиот Закон за африкански раст и можности (AGOA), пишува агенцијата, пренесува Танјуг.