НУЦК „Трајко Прокопиев“ најавува богата културна програма за 2025 година (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Културната програма во Куманово за 2025 година ќе биде богата, вели директорот на Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“, Сашо Тодоровски.

Loading...

Министерството за култура одобри околу 4,8 милиони денари, односно нешто под 80.000 евра за низа културни настани во годишната програма на оваа установа.

Како што истакна директорот Тодоровски, одобрени се скоро сите проекти со кои е аплицирано, а најмногу средства ќе добие фестивалот „Денови на комедија“ – 800.000 денари и околу 300.000 денари за Фестивалот на проза.

– Сакам исто така да истакнам дека се одобрени сите изложби во ликовната дејност што сме ги аплицирале оваа година. Исто така одобрени се две театарски претстави на македонски и две театарски претстави на албански јазик кои ќе ги реализиравме во 2025 година. Со првата би требало да почнеме за некои десетина дена, изјави Тодоровски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поради недоразбирање во сообраќај, таксист од Куманово натепан од две лица

 

 

Освен овие настани, Центарот најавува и неколку во организација со сопствени средства, а културната понуда ќе ја збогатат и околу триесетина настани на физички лица – уметници кои аплицираат во посебна програма на Министерството.

Loading...

– Освен оваа годишна програма со која аплицираме секоја година, ние реализираме и наши настани со сопствени средства, но и со луѓето уметниците кои аплицирале во септември кога е конкурсот за други корисници. Така да и од нив имаме позитивно одговорени триесетина апликации, така да сите тие концерти, настани, перформанси и претстави ќе ги реализираме во текот на оваа година, така да сигурен сум дека ќе имаме богата културна програма во 2025 година, потенцираше Тодоровски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Татко и син со огнено оружје се заканувале на маж од Лопате

Институцијата и вработените се задоволни со одобрената програма и средства и најавуваат дека целосно ќе ја реализираат во текот на претстојните месеци од 2025 година.

Никола Ивановски