Словачка: Нашиот став за Украина е принципиелен како и за непризнавањето на Косово

Сподели со своите пријатели

Словачкото Министерство за надворешни работи соопшти дека гласањето на земјата за резолуцијата на ОН за осуда на руската агресија врз Украина ја одразува принципиелната позиција на владата, слична на случајот со непризнавањето на независноста на Косово, откако некои партии во владејачката коалиција ја критикуваа оваа одлука.

Loading...

„Нашиот став е апсолутно принципиелен, како во случајот со непризнавањето на Косово од страна на Словачка, бидејќи сметаме дека тоа е кршење на меѓународното право и територијалниот интегритет на Србија“, соопшти вчера словачкото министерство.

Словачкото Министерство за надворешни работи потсети дека 93 земји-членки на ОН ја одобрија резолуцијата, која е „можен компромисен предлог“ чија цел е да се нагласи почитувањето на меѓународното право, неповредливоста на границите и територијалниот интегритет.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Невин поминал 30 години во затвор, излегол на слобода е се шокирал: „Сите зјапаат во телефони“

Тие додадоа дека овие принципи се основни за Словачка, пренесува Украинска правда.

Во понеделникот 93 земји-членки на ОН гласаа за резолуција поднесена од Украина и европските земји, со која се осудува руската агресија и се бара повлекување на руските трупи од украинска територија.

Осумнаесет земји, вклучувајќи ги САД, Русија, Унгарија и Израел, гласаа против документот.

Словачката национална партија, членка на владејачката коалиција, побара извинување од премиерот Роберт Фицо за поддршката на резолуцијата на Генералното собрание на ОН.