Три лица во Куманово биле приведени вчера во три одвоени случаи, откако полицијата кај нив пронашла различни видови наркотици.
Како што информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово вчеравечер бил приведен 31-годишник од Ваксинце откако кај него била пронајдена марихуана.
– На 24.02.2025 во 22.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.А.(31) од село Ваксинце, општина Липково, затоа што кај него била пронајдена марихуана, информираат од полицијата.
Триесет и деветгодишник бил приведен со прашкаста материја, во друг случај.
– На 24.02.2025 во 17.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Љ.Р.(39) од Куманово затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја, велат од полицијата.
Во третиот случај приведен бил 35-годишник откако во неговиот деловен објект биле пронајдени шприц со кафеава течност и прашкаста материја.
– На 24.02.2025 во 17.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.А.(35) од Куманово. При претрес во неговиот деловен објект, извршен со судска наредба, биле пронајдени шприц со кафеава течност и прашкаста материја, велат од полциијата.
Како што додаваат од СВР Куманово, сите тројца биле приведени и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски