По само три месеци откако беше избран, Дејан Јовановски денеска поднесе оставка на функцијата член на Советот на Општина Куманово.
Loading...
Како што информираше Дарко Митевски, претседател на Комисијата за мандатни прашања, Јовановски поднел оставка поради професионален ангажамн во странство.
Неговата оставка денеска ја изгласаа останатите членови на Советот.
Јовановски беше дел од листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, а на функцијата дојде на крајот на ноември, откако претходно оставка поднесе Мирослав Тричковиќ од ДПСМ.
Според кандидатската листа од последните избори во 2021 година, местото на Јовановски највероајтно ќе го пополни Сузана Максимовска.
Никола Ивановски