Продолжува измамата со лажни сообраќајки: Кумановка нова жртва!

Сподели со своите пријатели

Низа обиди за измами со наводни сообраќајни несреќи вчера имало низ Куманово, а една 78-годишна кумановка останала без 2.000 евра.

Loading...

– На 20.02.2025 во 16.30 часот во СВР Куманово, 78 – годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 2.000 евра, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и претставувајќи се како полициски службеник ја известило дека нејзиниоeт син и снаа предизвикале сообраќајна несреќа во која прегазиле малолетно дете и ќе треба да плати одредена сума на пари за да не ги гонат кривично.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец удрил во паркирани возила, па нападнал полицаец

Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, но подоцна сфатила дека била измамена.

Исто така, во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Куманово биле регистрирани и пет обиди за измами со наводни сообраќајни несреќи и една на подрачјето на Кратово, додаваат од СВР Куманово.

Никола Ивановски