DRÄXLMAIER обезбеди нова спортска опрема за ЖКК Куманово

Сподели со своите пријатели

Нови дресови за играње официјални натпревари, тренерки и кошаркарски топки им подари DRÄXLMAIER Куманово на припадничките на женскиот кошаркарски клуб од Куманово.

Loading...

Преку оваа донација, не само што ќе се зголеми инспирацијата кај кошаркарките, туку дополнително ќе се поттикнат вредностите на заедништво, практикување на тимски дух и посветено и мотивирано постигнување заеднички успеси.

„Со обезбедувањето на потребната опрема за овие млади спортистки, сигурни сме дека уште повеќе ќе го поттикнеме нивниот интерес за кошарката и ќе им помогнеме да го развијат својот целосен потенцијал. Цврсто веруваме во моќта на спортот да ги инспирира сегашните, но и идните генерации“, рече Лукас Мирингер, Генерален директор на DRÄXLMAIER Македонија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец удрил во паркирани возила, па нападнал полицаец

Стручниот штаб и кошаркарките беа особено задоволни што DRÄXLMAIER го поддржа нивниот тим.

„Девојките на терен покажуваат карактер и силна тимска игра. Оваа донација за нас претставува дополнителна мотивација да постигнуваме понатамошни заеднички успеси. Горди сме на соработката со DRÄXLMAIER кој ги препозна нашите потреби и нѐ поддржа“, рече Мартин Антевски, тренер на ЖКК Куманово.

DRÄXLMAIER покажува континуирана посветеност за промовирање на спортот и поддршка на
локалните спортски тимови со цел да даде придонес за одржливиот развој на општеството од кое себе си се смета за дел.