Три лица загинаа од можно труење со отровен гас во Фукушима

Сподели со своите пријатели

Три лица се пронајдени мртви во област со високи концентрации на отровен гас во близина на извор во Фукушима, североисточна Јапонија, соопшти денеска локалната противпожарна служба.

Loading...

Менаџерот и двајцата вработени во хотел во Фукушима на возраст од околу 60 години исчезнале синоќа откако отишле да вршат работи на одржување на извор во планината.

Тие биле пронајдени во несвест, а подоцна лекарите констатирале смрт, пренесува Kyodo.

Според властите, областа имала висока концентрација на гасови, вклучително и водород сулфид, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Прв попис во Ирак по 40 години: Населението достигна 46,1 милиони