Бела куќа: Медиумите кои одбиваат да го користат името Американски Залив кажуваат лаги

Сподели со своите пријатели

Белата куќа соопшти дека медиумите кои одбиваат да го користат новото име за Мексиканскиот залив – Американскиот залив, воведено од американскиот претседател Доналд Трамп, кажуваат „лаги“ и инсистираат на тоа дека ќе продолжат да ги спречуваат новинарите на Асошиетед прес да присуствуваат на претседателските настани.

Loading...

Трамп одлучи да ги именува меѓународните води што се граничат со Мексико, САД и други земји Американски Залив, објави АП.

Американската агенција изјави дека ќе продолжи да го користи името Мексикански залив.

На редовниот брифинг во средата, прес-секретарот за печат на Белата куќа, Каролин Левит, рече дека факт е дека водното тело во близина на брегот на Луизијана се нарекува Американски Залив и дека не разбира зошто медиумите не сакаат да го нарекуваат така, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп: Не е практично Украина да влезе во НАТО

Во вторникот, новинарите на АП беа спречени да присуствуваат на настани во Овалната соба и во Дипломатската приемна соба на Белата куќа.

Белата куќа изјави дека пристапот до Овалната соба е привилегија.

Трамп потпиша извршна наредба во јануари со која му наложува на секретарот за внатрешни работи да го преименува Мексиканскиот Залив во „Заливот на Америка“.

АП наведе дека Мексиканскиот Залив го има тоа име повеќе од 400 години и дека, како глобална новинска агенција, ќе продолжи да го користи.

Loading...