Три интервенции на пожарникарите во Куманово, две во Старо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Три интервенции имале во изминатото деноноќие пожарникарите од Куманово, а две пожарникарите од Старо Нагоричане.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, кумановските пожарникари вчера интервенирале најпрвин на запален смет во два контејнери во населбата Перо Чичо. Двајца пожарникари го гаснеле сметот во период од 12:30 до 13:30 часот.

Неколку часа подоцна во населбата Горно Којнаре била запалена сува трева и грмушки. Двајца пожарникари интервенирале во период од 16:30 до 17:30 часот.

На улицата „Моша Пијаде“ се запалило дрво во текот на ноќта, при што двајца пожарникари го гаснеле од 01:10 до 01:50 часот утринава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Затвореник почина во кумановскиот затвор

И во опшстината Старо Нагоричане пожарникарите бележат две интервенции во текот на изминатото деноноќие.

Првата била во атарот на селото Орах, каде гореле сува трева и грмушки. Двајца пожарникари интервенирале во период од 15:50 до 16:50 часот.

Сува трева и грмушки гореле и во селото Облавце, каде во период од 16:50 до 17:50 часот интервенирале двајца пожарникари.

Во овој момент нема активни пожари на поширокиот кумановски крај.

Loading...

Никола Ивановски