ЕК најави дека ќе реагира на воведувањето царини за увоз на метали во Америка

Сподели со своите пријатели

По најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за царини за увоз на метали во Америка, Европската комисија денеска најави дека ќе реагира за да ги заштити интересите на ЕУ, но нема да реагира додека не добие детални објаснувања за овие мерки.

Loading...

Трамп во неделата изјави дека ќе воведе нови царини од 25 отсто за увоз на челик и алуминиум во Америка, што ќе означи уште една голема ескалација во неговата трговска политика, пренесува Ројтерс.

„ЕУ не гледа никакво оправдување за воведување царини за нејзиниот алуминиум и челик. Ќе реагираме за да ги заштитиме интересите на европските компании, работници и потрошувачи од неоправдани американски мерки“, се вели во соопштението на Европската комисија, пренесе Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Гренел: Непромислено се трошеа милијарди во Западен Балкан