Викенд прогноза за Куманово: Длабок утрински минус

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност зголемена во источните и југоисточните делови.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи околу пет степени под нулата, додека максималната дневна ќе достигне 7 степени целзиусови.

Loading...

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме исто така претежно сончево време со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерен јужен и југоисточен ветер, а температурата ќе биде во интервал од минимални -6 до максимални 8 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  168 случаи на грип минатата недела во Куманово

 

 

Loading...

Во недела ќе имаме ведро и сончево време со слаб до умерен северозападен ветер.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу -7 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 8 степени целзиусови.

 

 

Слично време ќе се задржи и во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски