Иран го отфрла планот на Трамп за присилно раселување на Палестинците

Сподели со своите пријатели

Иранското Министерство за надворешни работи го отфрли и го осуди планот на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на Појасот Газа и присилно раселување на Палестинците, објави иранската државна телевизија Прес ТВ.

Loading...

Портпаролот на Министерството Есмаил Багај изјави дека планот на Трамп за Газа е „шокантен“.

Багај вели дека планот на Трамп е продолжување на напорите на израелските власти за „целосно уништување на палестинскиот народ“, објави Ал Џезира.

Портпаролот истакна дека плановите на Трамп да го преземе Појасот Газа претставуваат напад без преседан врз клучните принципи на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп забрани учество на трансродови спортисти во женски спортови

Трамп во вторникот изјави дека САД ќе го „преземат“ Појасот Газа, опишувајќи ја неговата визија за областа како „Ривиера на Блискиот Исток“.

Тој го повтори својот предлог за трајно раселување на Палестинците, нагласувајќи дека тие треба да се преселат во други арапски земји, како Јордан и Египет, бидејќи Газа во моментов е „само урнатини“.

Планот на Трамп наиде на остри критики од светските претставници, пренесува Танјуг.