Од Скопје до Куманово ќе се патува за 41 минута со новата железничка линија која стартува од денеска, најави министерот за транспорт, Александар Николоски.
Како што најави Николоски при посетата на Македонски железници транспорт, денеска во 16:30 часот ќе тргне возот од Скопје за Куманово и ќе се патува 41 минута.
Ќе оперира два пати на ден, наутро во 06:30 ќе тргне од Куманово кон Скопје, а во 16:30 ќе се врати назад.
– Ќе имаме четири воза дневно кои што ќе оперираат за 41 минута, ќе се согласите сите навистина брзо. Од центар на Скопје до центар на Куманово ќе се патува за 41 минута, што многу ќе ја олесни комуникацијата помеѓу овие два града, ќе олесни комуникација за сите жители на Скопје кои што имаат потреба, работа или сакаат да го посетат Куманово, и секако ќе помногне на многу кумановци кои што доаѓаат тука, дали за работа, дали за образование, дали за здравствени потреби, административни потреби или едноставно доаѓат да поминат дел од своето слободно време, рече министерот Николоски.
Возот, како што истакна министерот, ќе го намали и метежот во патничкиот сообраќај, но и загадувањето.
Никола Ивановски