Хамас: Изјавата на Трамп е смешна и апсурдна

Сподели со своите пријатели

Палестинскиот функционер на Хамас, Сами Абу Зухри денеска изјави дека тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД можат да ја преземат контролата врз Појасот Газа е „смешно и апсурдно“, но дека тоа може да има влијание врз дестабилизацијата на Блискиот Исток.

Loading...

Трамп во вторникот рече дека САД би можеле да ја преземат контролата врз Газа и да влијаат на економскиот развој на областа, откако палестинското население ќе биде раселено.

Саудиска Арабија денеска соопшти дека отфрла секој обид за раселување на Палестинците, пренесува Ројтерс.

Трамп ја нарече Газа „пропаст“ и побара Јордан, Египет и другите арапски држави да примат два милиони Палестинци од областа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лавров: Трамп се повеќе наликува на Хитлер

Обединетите нации процениле дека расчистувањето на над 50 милиони тони урнатини предизвикани од израелското бомбардирање на Газа ќе трае 21 година и ќе чини 1,2 милијарди долари.