28-годишник од Куманово го нападнал својот татко. Полицијата го привела!

Сподели со своите пријатели

Дваесет и осумгодишник од Куманово бил приведен ноќва по пријава дека физички го нападнал својот татко.

Loading...

– На 04.02.2025 во 00.05 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.С.(28) од Куманово затоа што физички го нападнал неговиот татко, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  38-годишник натепан во Студена бара