Кумановската Гимназија „Гоце Делчев“ денеска ја одбележа 153-годишнината од раѓањето на својот патрон, револуционерот Гоце Делчев.
Со приствуто на учениците, наставниците, но и многубројни делегации на општината, политичките партии и здруженија во дворот на училиштето беше положено свежо цвеќе.
Пред присутните беше исчината и поезија напишана за Делчев.
– Тој остави голем аманет за нас, да продолжиме со неговите мисли, да се натпреваруваме на секое културно поле и ние како училиште продолжуваме со натпревари на сите нивоа. Успеси кои ги постинуваат нашите ученици, нашите наставници. Тоа резултира со големи натпревари и на меѓународно и светско ниво, како доказ дека навистина станува збор за значаен успех за нашето училиште кое гордо го носи неговото име, изјави директорката Марија Тодоровска.
Особен гордост во овие денови за училиштето, како што истакна директорката, е пласирање на ученичката Илина Арсовска која се пласираше на Светската женска олимпијада.
– Исто така овој период следуваат напревари на реигонално ниво во нашата република, ние ќе бидеме домаќини на натпреварот по математика и останатите природни науки во овој период, додаде директорката.
Тој е македонски национален херој, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, апостол и срцето на револуционерна Македонија, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век.
Никола Ивановски