Полицијата во Париз застрела маж кој цртал свастики

Сподели со своите пријатели

Две лица се повредени на станицата Гар д’Астерлиц во Париз кога полицајци застрелале човек кој цртал кукасти крстови.

Loading...

Откако бил запрен од персоналот за обезбедување на железницата, тој извадил предмет кој личел на пиштол, а подоцна се испоставило дека е лажен, јавува BFM TV.

После тоа полицијата пукала во него и тешко го повредила.

Случаен минувач се здобил со полесни повреди, ранет од рикошет.

По инцидентот на станицата Остерлиц, која ја опслужува и приградската железница, сообраќајот беше привремено затворен.

Продажните простори во салата се затворени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО: До 2050 година бројот на нови случаи на рак ќе се зголеми за 77 отсто