Познатиот туристички центар Санторини е место од кое деновиве сите бегаат. Имено, тоа подрачје во последните денови го погодија серија земјотреси.
Поради страв од посилен земјотрес кој може да предизвика цунами, на луѓето им беше препорачано да го избегнуваат брегот и напуштените згради.
Поради целата ситуација, Министерството за цивилна заштита соопшти дека училиштата ќе бидат затворени во понеделник.
Грција лежи на повеќе раседи и земјата често се тресе, но експертите ја опишаа зголемената сеизмичка активност во период од 48 часа, со регистрирани повеќе од 200 земјотреси, како драматични, иако нагласија дека земјотресите биле предизвикани од тектонска, а не вулканска активност.
Патем, Санторини е местото на една од најголемите вулкански ерупции во историјата.
⚠️Updated stream for earthquake swarm in Greece.
Follow me for all breaking news updates‼️#earthquake #Santorini #Greece https://t.co/9kGKCD7EU2— 🚨BREAKING NEWS🚨 (@MrysChyno) February 3, 2025
Спасувачките тимови на Санторини поставија шатори на издигнати области на кошаркарски терени и паркинзи.
Во случај на цунами, на луѓето им било кажано да се упатат кон внатрешноста, пишува Гардијан.
Она што многумина ги загрижува е фактот што осум земјотреси се случиле во понеделникот наутро во периодот од 7 до 8 часот.
Да додадеме дека од петокот се забележани земјотреси меѓу вулканските острови Санторини и Аморгос во Егејското Море, принудувајќи ги властите да ги затворат училиштата на островот Санторини и блиските острови Иос, Аморгос и Анафи.
Земјотреси, некои со јачина над 4 степени, го потресоа Санторини на секои неколку минути во понеделникот, а на луѓето им беше препорачано да се држат настрана од затворени простори и мали пристаништа.
Единиците за одговор при катастрофи се распоредени на терен како мерка на претпазливост.
Експертите велат дека сеизмичката активност на островот ќе продолжи.
Некои од најнаселените области на островот се наоѓаат на стрмни карпи.
„Проценуваме дека (активноста) ќе продолжи во наредните денови и може да има долга сеизмичка секвенца“, изјави Ефтимиос Лекас, професор по тектонска геологија и управување со катастрофи и дел од тимот експерти што ја проценуваат ситуацијата на теренот.
Локалните власти изјавија дека мештаните не биле особено загрижени бидејќи биле навикнати на земјотреси, но некои кои биле на островот поради работа почнале да го напуштаат.
Aegean Airlines соопшти дека ќе обезбеди три дополнителни летови до и од Санторини во понеделник и вторник за да го олесни патувањето за локалното население и посетителите на барање на грчкото Министерство за цивилна заштита.
Грција се наоѓа на неколку раседни линии и често е потресена од земјотреси.
Една од најголемите вулкански ерупции во историјата, околу 1600 п.н.е., го формира Санторини во неговата сегашна форма.
Последната ерупција во таа област се случила во 1950 година.
Експертите велат дека благата вулканска активност забележана во близина на Санторини во последните денови не е поврзана со земјотреси.