Пронајдено безживотното тело на исчезнатата Станика од кумановско

Сподели со своите пријатели

Без знаци на живот, вчера било пронајдено телото на шеесет и четиригодишната Станика Китановска од селото Цветишница која беше пријавена за исчезната.

Loading...

– На 02.02.2025 околу 10.30 часот во село Цветишница, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од СВР Куманово ја пронашле почината С.К.(64) за која на 27.12.2024 година беше пријавено дека се оддалечила од нејзиниот дом, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Специјален тим полициски службеници, според информации од семејството, го пронашло вчера нејзиното тело во долот во селото, без траги на живот. Телото не било во фаза на распаѓање, но имало траги од напади на животни.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 700.000 денари за КУД „Бајрам Шабани“, за „Панче Пешев“ 500.000 денари

Како што додаваат од полицијата, по насока на јавен обвинител сепак телото е предадено на семејството.

Иако пријавена за исчезната на 27 декември, сепак не е познато од кога точно ѝ се губи трагата бидејќи последен пат била видена на 12ти декември од соседот кој го алармирал семејството.

Членовите на нејзиното семејство потоа ги контактираа медиумите со апел да се помогне во потрагата по исчезнатата Станика, за кој рекоа дека живеела сама во планинското село.

Секогаш кога излегувала од домот заклучувала со катанец, но овој пат портата била затворена со жица, а катанецот бил на креветот во куќата. На масата имало кафе што го испила и остатоци од јадење.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од полноќ нови цени на горивата

Никола Ивановски

Loading...