Најмалку 15 лица загинаа во експлозија на автомобил-бомба во Сирија

Сподели со своите пријатели

Најмалку 15 лица загинаа во експлозија на автомобил-бомба во Манбиџ, источно од Алепо, Сирија, додека непознат број луѓе се ранети, јавија сириските медиуми.

Loading...

Локалните медиуми јавија дека Брзата помош и Цивилната одбрана се упатиле кон местото на несреќата, со објаснување дека автомобилот експлодирал во близина на возило во кое имало жени и девојки.

Упатен е итен повик до лекарите да се упатат кон Националната болница поради недостиг на медицински персонал, како и апел до граѓаните веднаш да дојдат во болницата и да даруваат крв.

Пред два дена автомобил-бомба експлодираше во близина на центарот на Манбиџ, при што исто така загинаа и беа повредени луѓе.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Марко Рубио: Кинеското влијание врз Панамскиот канал претставува закана, статус кво неприфатливо