Најмалку три лица загинаа, а неколку се повредени во рускиот напад на Полтава и Харков

Сподели со своите пријатели

Руските сили утринава извршија ракетни и беспилотни напади во неколку украински региони, при што загинаа најмалку три лица, а неколку други беа ранети, а предизвикаа материјална штета на инфраструктурата што доведе до вонредни прекини на електричната енергија, соопштија украинските власти.

Loading...

Две лица загинаа, а седум се повредени, меѓу кои и едно дете, во руски напад врз станбена зграда во украинскиот град Полтава утринава, соопшти Службата за вонредни ситуации на Украина.

Итните работници спасија 21 лице, пренесува Укринформ.

По нападот, во зградата избувнал пожар, а оштетени се околните куќи и 12 автомобили, јавува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин му ја честита годишнината на патријархот Кирил: Ви благодариме за се што правите за православците

На местото на настанот во моментов работат итна помош и спасувачка служба.

Една жена загина, а пет други се повредени во утринското гранатирање на Харков, соопшти градоначалникот на Харков, Ихор Терехов, пренесува Укринформ.

Во неколку региони на Украина утринава се воведени вонредни прекини на струја поради руски ракетен напад, објави Укренерго на Телеграм, пренесува Укринформ.

„Во врска со ракетниот напад, беа спроведени итни исклучувања во регионите Харков, Суми, Полтава, Доњецк, Днепропетровск, Запорожје и Кировохрад“, се вели во извештајот.

Loading...