Прашањето дали подобри возачи се мажите или жените е честа тема на дискусија. Често може да се слушне дека жените се помалку ориентирани и дека се лоши возачи, но ако ги погледнете статистиките – ќе видите сосема спротивни податоци!
Една неодамнешна студија на британски научници покажа дека жените се поскромни во возењето и не се фалат како успеваат да возат возило и дека токму тоа им дава фокус и претпазливост што се неопходни зад воланот.
Сообраќајните несреќи во кои мажите се зад воланот имаат повеќе смртни случаи отколку оние во кои возеле жените, се вели во студијата на Американскиот институт за безбедност на патиштата.
Една студија тврди дека мажите се поагресивни додека возат: поподложни на брзина и поризично однесување зад воланот, трубење кон другите учесници во сообраќајот, ги престигнуваат другите, поминуваат низ црвени светла, додека жените се посмирени.
Центарот за контрола и превенција на болести пред извесно време објави дека мажите дури двапати почесто седнуваат зад воланот под дејство на алкохолни пијалаци.
Студија на италијански научници од пред неколку години открива дека мажите се многу порелаксирани зад воланот, во смисла дека почесто од жените ќе слушаат гласна музика, ќе грицкаат нешто или ќе пушат додека возат, а нема да ги врзуваат појасите.