Данска дава дозвола на руска компанија да работи на гасоводот Северен тек 2

Сподели со своите пријатели

Данската агенција за енергетика му даде дозвола на „Северен тек 2 АГ“ да врши конзерваторски работи на гасоводот „Северен тек 2“ во Балтичкото Море, кој беше оштетен во серија експлозии во 2022 година, пренесува Танјуг.

Loading...

Работите за одржување се неопходни за да се намалат еколошките и безбедносните ризици кои произлегуваат од полнењето на гасоводот со морска вода и со останатиот природен гас, се вели во соопштението на агенцијата.

„Работата, која ќе биде извршена до крајот на 2025 година, има за цел да го зачува оштетениот цевковод со инсталирање на сопствени приклучоци на секој од отворените краеви на цевката за да се спречи понатамошно истекување на гас и прилив на кислородна морска вода во системот се додава во соопштението, според Ројтерс.

Имајќи предвид дека „Северен тек 2 АГ“ е во целосна сопственост на руската државна „Газпром“, данските власти воведоа мерки за надзор за да спречат какви било незаконски активности.

Компанијата мора да поднесе годишен план со детални идни намери за објектот, дозволувајќи им на регулаторите внимателно да го следат развојот и да обезбедат усогласеност.

„Северен тек 2 AG“ го заврши проектот за гасоводот вреден 11 милијарди долари во 2021 година за транспорт на гас од Русија до Германија, но Германија го прекина планот бидејќи односите со Москва се влошија поради руската војна во Украина и САД воведоа санкции.

Мистериозна експлозија

Во септември 2022 година, една од двете линии на гасоводот Северен тек 2 беше оштетена од мистериозни експлозии, заедно со двете линии на Северен тек 1.

САД, Украина и Русија негираа каква било вмешаност во нападите, а Москва го обвини западот за саботажа на гасоводот.

Loading...

Оштетениот гасовод NS2 се проценува дека сè уште содржи околу 9-10 милиони кубни метри природен гас, додека недопрениот гасовод се уште е исполнет со гас, соопшти данската агенција.

САД во декември воведоа дополнителни санкции врз операторот и други руски субјекти, велејќи дека го сметаат Северен тек 2 за руски геополитички проект и се спротивставуваат на напорите за негово заживување.

Северен тек 2 беше оштетен во експлозии во септември 2022 година, што доведе до истекување на гас – на две места во економската зона на Шведска и две во данските води.

По инцидентот, Германија, Шведска и Данска започнаа истрага.