Повеќе од 300 рудари останаа заробени во напуштениот рудник за злато Буфелсфонтеин, на околу 150 километри од Јоханесбург, каде што станале канибали за време на месечната борба за опстанок, велат преживеаните, пишува германски Билд.
Рударите поминале пет месеци под земја, каде што прибегнаувале кон екстремни мерки поради недостаток на храна и вода, вклучително и отсекување на делови од телото на други рудари за да преживеат.
Полицијата го прекина снабдувањето со храна и вода под земја, надевајќи се дека рударите ќе го напуштат рудникот.
Сепак, стравот од апсење и исцрпеност доведоа до тоа многумина да останат заробени, „додека други подлегнаа на борбата за опстанок“, пишува порталот.
Според извештаите, 78 рудари биле пронајдени мртви во рудникот.
Јужноафриканскиот министер за рударство Гведе Манташех ги бранеше постапките на владата, тврдејќи дека државата не е одговорна за оние кои остануваат во опасните рудници.
Од друга страна, групите за човекови права ја обвинија владата за несовесно однесување, нарекувајќи го инцидентот „еден од најеклатантните примери на државна негрижа“.
Рударите се најдоа во ваква ситуација поради напуштените рудници во Јужна Африка, од кои има околу 6.000, кои станаа неекономични и често стануваа мета на криминални групи.