Конго: Бројот на убиени мировници на ОН се искачи на 13

Сподели со своите пријатели

Малави и Уругвај вчера соопштија дека четворица нивни војници биле убиени во судирите со бунтовниците поддржани од Руанда во источниот дел на Конго, со што бројот на убиени мировници од мисиите на ОН и јужноафриканските земји се искачи на 13.

Loading...

Бунтот М23, кој трае веќе три години, се интензивираше овој месец, а неговите членови контролираат повеќе територии во источниот дел на Конго од кога било досега, пренесува Ројтерс.

ОН предупредија дека насилството може да ескалира во поширока регионална војна.

Конго и ОН ја обвинуваат соседна Руанда дека го поттикнува конфликтот со испраќање свои борци и оружје, обвинение што земјата го негираше.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се урна авион во Чиле. Шестмина загинати!