Малку луѓе во светот држат и соборуваат толку рекорди како Румејса Гелги од Турција.
Таа е прогласена за највисока жена на светот, а изгледа дека поставува рекорди уште од самото раѓање.
Оваа извонредна жена успеала да освои неколку светски рекорди, не само поради нејзината висина, туку и поради другите уникатни карактеристики што ги поседува.
Румејса денес има 27 години и висока е 215 сантиметри.
Покрај оваа главна титула, оваа Турчинка го држи рекордот за најдолг прст на женска личност, најголемо растојание меѓу прстите, како и најголеми раце и најдолг грб кај жена.
Иако нејзините импресивни физички карактеристики ѝ донеле светски рекорди и слава, таа тешко се движи, пренесува Таг24.
Сепак, нејзините рекорди не застанале тука бидејќи Румејша била најдолгото бебе родено со 59 см.
Нејзината висина е предизвикана од генетско нарушување познато како Вивер синдром.
Ова е генетско нарушување кое предизвикува прекумерен раст на коските.
Тие се развиваат многу брзо, а пациентите имаат проблем со мускулниот тонус.
Тие се карактеризираат со огромна глава, широко распоредени очи и намалени интелектуални способности, според веб-страницата на Клиниката Кливленд.
Иако оваа состојба може да има сериозни, а понекогаш и опасни последици, оваа Турчинка успеала да најде мотив и да стане успешен носител на бројни светски рекорди како и застапник за лицата со телесен инвалидитет.