Најмалку три лица загинаа во снежното невреме во САД

Сподели со своите пријатели

Најмалку три лица загинаа во снежната бура што го погоди јужниот дел на САД, од Тексас до Флорида.

Loading...

Властите во Луизијана пријавија повеќе од 50 сообраќајни несреќи поради лизгави патишта, додека во Остин и Џорџија три лица загинаа од последиците на ниските температури, објави ABC News.

Снежната бура ги погоди јужните американски држави, вклучувајќи ги Тексас, Луизијана, Мисисипи, Алабама, Џорџија, Јужна Каролина и Флорида.

Во Алабама, властите предупредија дека сите патишта во три окрузи се непроодни.

Повеќе од 2.100 летови беа откажани низ САД, додека аеродромите во Хјустон и Талахаси беа затворени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ ќе одговори пропорционално на сите американски царини

Аеродромите во Хјустон се очекува да бидат отворени подоцна денеска.

За прв пат во Тексас и Луизијана беше издадено предупредување за снежна бура.

Невремето го донесе и најтешкиот снег во Њу Орлеанс од 1963 година, поради што многу училишта на југот беа затворени, а жителите беа советувани да останат дома.

Loading...