Индонезија: Бројот на загинати во лизгањето на земјиштето во Јава се искачи на 19

Сподели со своите пријатели

Бројот на загинати во поплавите и свлечиштата на индонезискиот остров Јава се искачи на 19, откако спасувачите извлекоа уште две тела, соопштија денеска властите.

Loading...

Акцијата за спасување, која е отежната поради лошите временски услови, одроните од кал и нерамниот терен, продолжи и денеска откако беше прекината во вторникот попладне поради обилните врнежи од дожд и густата магла, а спасувачите се уште трагаат по седум лица кои се водат за исчезнати.

Портпаролот на Националната агенција за управување со катастрофи, Абдул Мухари, рече дека поплавата во понеделникот предизвика лизгање на земјиштето, при што целосно беа затрупани две куќи и едно кафуле во одморалиштето Петунгкријоно, пренесува АП.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Суд во САД: Слоновите не се луѓе

Оштетени се уште 25 куќи, брани и три главни моста во Пекалонган, јавува Танјуг.

Најмалку 13 лица се повредени, а речиси 300 се евакуирани во привремено сместување.

Водата од надојдените реки се излеа во девет села во регенцијата Пекалонган во провинцијата Централна Јава, а свлечиштата ги погодија планинските населби по обилните дождови во понеделникот.

Свлечишта и поплави се забележани и во многу други провинции во Индонезија.

Во понеделникот лизгање на земјиштето однесе пет куќи на туристичкиот остров Бали, при што четири лица загинаа, а едно се води како исчезнато, јавува АП.