Кина: Нема победници во трговска војна

Сподели со своите пријатели

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг денеска изјави дека Кина верува дека нема победници во трговската војна.

Loading...

Нинг ја даде изјавата откако американскиот претседател Доналд Трамп рече дека неговиот тим размислува за воведување царина од 10 отсто за кинески производи што би можело да стапи на сила на 1 февруари, објави Чајна дејли.

„Многу пати го кажавме нашиот став. Веруваме дека нема победници во трговската војна. Кина секогаш цврсто ќе ги штити своите национални интереси“, им рече Мао на новинарите на редовната прес-конференција во Пекинг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку три лица загинаа во снежното невреме во САД