Александар Гелевски, доскорешен секретар на Општина Куманово, е назначен за нов директор на Агенцијата за планирање на просторот.
Гелевски беше втор човек на Општина Куманово и првиот кој на таа функција беше назначен како непартиски активист во 2021 година од страна на градоначалникот Максим Димитриевски.
Роден е во 1981 година во Куманово, каде завршува основно и средно гимназиско образование. Дипломира на Универзитетот „Кирил и Методиј“ Скопје – Архитектонски факултет во 2006 година.
Истата година ја започнува и својата професионална кариера како проектант и планер-урбанист, со што се здобива со Овластувања од областа на урбанизмот и архитектурата.
Во јануари 2014 година се вработува во Општина Куманово како советник во Одделение за урбанизам.
Од ноември 2018 е назначен за Раководител на Одделение за спроведување на урбанистичка документација – Сектор за урбанизам, а во август 2020 доаѓа на функцијата Секретар на Општина Куманово.
Во 2022 по втор пат беше назначен за секретар на Општина Куманово.
Никола Ивановски