Бајру: Франција и Европа мора да се спротивстават на политиката на Трамп

Сподели со своите пријатели

Францускиот премиер Франсоа Бајру денеска изјави дека Франција и Европа мора заеднички да се спротивстават на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и неговата политика, во спротивно ќе се соочат со „уништување“.

Loading...

„САД одлучија да одат со исклучително доминантна форма на политика, преку доларот, преку својата индустриска политика, преку фактот дека можат да ги „заробат“ глобалните инвестиции и глобалните истражувања“, изјави Бајру за новинарите, пренесе Ројтерс.

Тој истакна дека нешто мора да се преземе околу ова прашање.

„Ако не направиме ништо, нашата судбина е многу едноставна – ќе бидеме доминирани. Ќе бидеме газени, маргинализирани. „Начинот на кој реагираме е одлука која зависи од францускиот народ и Европа, бидејќи очигледно, без Европа, не можеме ништо да направиме“, додаде тој, јави Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се судрија два брода во Хамбург: 11 повредени

Доналд Трамп денеска ќе положи заклетва како 47. претседател на САД.