Зголемен број интервенции на кумановската итна помош

Сподели со своите пријатели

Зголемен број интервенции регистрира кумановската итна помош по празниците, информираа денеска надлежните.

Loading...

Зголемен е бројот не само на интервенции, туку и на пациенти во амбулантата. Најголем број од пациентите се жалат на зголемената температура, главоболки, повраќање.

-Со пад на температурите и на новогодишните и божиќните празници се евидентира значителен зголемен број на интервенции во итната медицинска помош. Во тек на едно деноноќие имаме од 35 до 40 повици. И во амбулантата бележиме зголемен број на пациенти, од 150 до 200 пациенти, најчесто за викендите и за празниците исто така беше зголемен бројот на прегледи при што за амбулантските прегледи може да кажам дека најчесто беа прегледи на деца од предучилишна возраст, имаше и возрасни, но доминираа децата, изјави д-р Валентина Тодоровска од Итна помош Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени четворица кумановци, нападнале 18-годишник

Лекарите од итна помош интервенираат и кај хронично заболените лица со белодробни болести, кардиоваскуларни, кои се жалат на зголемен притисок.

-Препораки за сезонски грип – најчесто превенција е вакцинација, на ризични категории е најдобро да се вакцинираат во период од октомври до декември за да се намалат компликациите. Сите да користат витамини, здрава храна, да не излегуваат во периоди кога воздухот е загаден, да не се групираат многу. Да не се групираат оние што се ризична категорија, вирусот се шири, кај нив секоја инфекција е ризична, апелираше Тодоровска.

Итна помош Куманово покрива територија од општини од североистокот.

МИА