Општина Куманово распиша повик за субвенционирање на трошоци за домување (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово објави јавен повик за мерката обезбедување на помош за домување на материјално и станбено необезбедени лица – корисници на гарантирана минимална помош (ГМП) за 2024 година.

Loading...

Како што информира Александар Крстевски, раководител на одделението за култура, спорт и социјална заштита, на овој повик можат да аплицираат корисници на гарантирана минимална помош и материјално и станбено необезбедени лица кои живеат на територија на општина Куманово, односно лица кои живеат под кирија.

– Лицата кои ние како Сектор ги субвенционираме, односно имаат право на покривање на трошоци на кирија се лица кои имаат право на минимална помош, станбено необезбедени лица кои живеат под кирија. Општина Куманово тука им излегува во пресрет и им праќа кирија, појасни Крстевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец ги натепал родителите и оштетил покуќнина

 

 

Барањата со потребна документација се доставуваат до архива на општина Куманово од најдоцна до 16.02.2025 година.

Во меѓувреме активни се и мерките за користење на поркетот „Народна кујна“ кој на ранливите лица им обезбедува бесплатен оброк, како и повикот за субвенционирање на комунални услуги.

Loading...

Никола Ивановски