Ерменскиот премиер Никол Пашинјан на својот канал на Телеграм објави дека телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за односите меѓу двете земји.
Loading...
„Имав телефонски разговор со претседателот на Русија. Разговаравме за прашања од билатералната агенда на Ерменија и Русија“, напиша тој, пренесе Интерфакс.
Прес-службата на ерменската влада соопшти дека двајцата лидери „разговарале за резултатите од претседавањето на Ерменија со Евроазиската економска унија (ЕАЕУ), која ги вклучува Русија, Белорусија, Казахстан, Ерменија и Киргистан, претстојната работа во рамките на унијата и голем број прашања за билатералната агенда на двете земји“, пренесува Танјуг.