Украинската воздушна одбрана соборила руски дронви за време на посетата на Стармер

Сподели со своите пријатели

Украинската противвоздушна одбрана денеска одбила напад со руско беспилотно летало врз Киев, додека британскиот премиер Кир Стармер беше во посета на главниот град на Украина, соопштија официјални лица.

Loading...

Очевидци пријавиле експлозии во градот за време на посетата, но нема жртви, пренесе Ројтерс.

Властите соопштија дека возило било оштетено во нападот во една од киевските области.

Украинската противвоздушна одбрана во текот на ноќта собори 34 од 55 беспилотни летала.

Стармер денеска пристигна во посета на Украина, каде се очекува да потпише договор со украинскиот претседател Володимир Зеленски за продлабочување на постоечките одбранбени односи и зајакнување на економските врски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски и Стармер им одадоа почит на загинатите украински бранители