Еди Рама клекна пред италијанската премиерка за да ѝ даде подарок (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Италијанската премиерка Џорџа Мелони пристигна на енергетскиот форум во Абу Даби, каде доживеа незаборавен пречек, кој не можеше да биде поголемо изненадување, пишува Ослобоѓење.

Loading...

Имено, албанскиот премиер Еди Рама ѝ дал внимание кое можеби не го очекувала.

Во моментот на нејзиното пристигнување на самитот, каде учествува и Албанија, Рама клекнал пред Мелони и ѝ предал црвено-црн пакет во кој имало шал, пишува Ослобоѓење.

Овој гест стана симболичен момент на самитот, а беше проследен и со топла прегратка меѓу двајцата лидери.

Ова не е ништо необично за овие двајца државници кои се познати по блиските односи и кои претходно во јавноста си разменуваа „нежност“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина ги поканува странските туристи да се приклучат на прославите на кинеската Нова година

Рама на новинарите им предложи и заедно да отпеат роденденска песна за Мелони, која го прослави роденденот на 15 јануари.

Но, премиерката Мелони одговори смеејќи се: „Не ги засрамувајте“.

Иако моментот беше лесен и пријателски, самитот беше и место на важни дипломатски и економски договори.

Loading...

Италија, Албанија и Обединетите Арапски Емирати потпишаа договор вреден најмалку една милијарда евра за изградба на подморска интерконекција за обновлива енергија преку Јадранското Море.