Бугарскиот претседател Румен Радев денеска на кандидатот за премиер предложен од најголемата пратеничка група ГЕРБ-СДС ќе му го врачи мандатот за формирање влада во рамките на 51-то свикување на Народното собрание.
Се очекува Росен Жељазков, кој беше предложен од ГЕРБ-СДС за премиер, на бугарскиот претседател да му го претстави составот на кабинетот, кој ќе биде поддржан од четири формации – ГЕРБ-СДС, БСП – Обединета левица, „Има такви луѓе “ и „Демократија, права и слободи“- ДПС, јавува БНР.
Жељазков вчера изјави дека на средба со претседателот ќе оди со предлог-листата на министри само доколку се обезбеди стабилно парламентарно мнозинство.
Парламентарните избори во Бугарија се одржаа на 27 октомври 2024 година, а Радев одлучи да им даде дополнително време на партиите да преговараат пред првиот мандат, нагласувајќи дека тоа го направил „со надеж дека преговарачите ќе разберат дека нивната одговорност оди подалеку од партиските интереси и нивните изборни тело, и дека тие се одговорни пред целиот бугарски народ“, објави бугарското радио.
Во Бугарија во октомври се одржаа парламентарни избори на кои најмногу гласови или околу 25 отсто од гласовите освои централно-десничарската партија ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов, пренесува Танјуг.