Проневера на бугарските железници од над 94 милиони евра, обвинение за четири лица

Сподели со своите пријатели

Европското јавно обвинителство (ЕПО) во Софија покрена обвинение против четири лица во врска со случајот за измама со бугарската железница во вредност од 94,5 милиони евра.

Loading...

Средствата беа наменети за проектирање и изградба на сигнален и телекомуникациски систем на железничката делница Пловдив-Бургас, како дел од проектот финансиран од Европската унија (ЕУ), пишува бугарскиот сајт Новините.

Обвинението опфаќа конзорциум од четири компании, а меѓу обвинетите има двајца управители на италијанска компанија и управител на бугарска, како и поранешниот директор на Националното претпријатие за железничка инфраструктура (НКЖИ), пишува бугарскиот сајт.

За тројца обвинети е одредена гаранција од 50.000 евра, додека за четвртообвинетиот 5.000 евра.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Саудиска Арабија има намера да збогатува и продава ураниум

На бугарскиот менаџер му е изречена и забрана за напуштање на државата.

Според ЕПО, компаниите вклучени во конзорциумот доставиле лажни информации до НРИЦ за да обезбедат договор за јавна набавка и средства од ЕУ.

ЕПО, независно тело формирано за заштита на финансиските интереси на ЕУ, игра клучна улога во истрагата и гонењето на злосторствата поврзани со злоупотреба на фондовите на ЕУ, според веб-страницата Новините.