Исчезна Станика од кумановско. Семејството бара помош за потрага

Сподели со своите пријатели

Шеесет и четиригодишната Станика Китановска од селото Цветишница, Општина Старо Нагоричане е исчезната, а семејството бара помош за нејзино пронаоѓање.

Loading...

Не се знае точно од кога е исчезната. Последен пат нејзиниот сосед ја видел на 12ти декември по што го алармирал семејството.

Случајот во полиција бил пријавен дури на 27ми декември. Веќе утредента излегла полиција на терен и два дена пребарувале низ селото, но од Китановска ни трага, ни глас.

Според раскажувањето на семејството потрагата била завршена по два дена, бидејќи полицијата им рекла оти нема теренски возила за непристапниот терен на селото Цветишница.

Членовите на нејзиното семејство велат дека живеела сама во планинското село. Секогаш кога излегувала од домот заклучувала со катанец, но овој пат портата била затворена со жица, а катанецот бил на креветот во куќата. На масата имало кафе што го испила и остатоци од јадење.

Од Секторот за внатрешни работи Куманово го потврдуваат случај и велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

– На 27.12.2024 година во 15.00 часот во СВР Куманово З.М.(36) пријавила дека од домот во село Цветишница, Општина Старо Нагоричане се оддалечила нејзината мајка С.К. (64), велат од кумановската полиција.

Семејството апелира до сите граѓани кои имаат теренско возило и би сакале да помогнат во потрагата да се обратат на ќерката на исчезната, Зорица Марковска, на телефонскиот број 070 263 917.

Loading...

Никола Ивановски