Холандската армија купува специјални женски панцири

Сподели со своите пријатели

Холандското Министерство за одбрана најави набавка на 1.530 специјално дизајнирани панцири за жени, а елеците, наменети за употреба во мисии, се очекува да ја подобрат удобноста и заштитата на женскиот воен персонал.

Loading...

„Овие елеци се дизајнирани да одговараат подобро на женското тело. Тие се поудобни за носење поради нивната форма и се малку полесни од сегашните модели“, рече портпаролот на Министерството за одбрана, објави денеска NL Times.

Во моментов, и машките и женските припадници на холандските вооружени сили користат ист панцир, а новиот е специјално развиен за поефикасно да одговара на женското тело и да има поголема приспособливост.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто ЕК го криеше фактот дека Урсула фон дер Лејен е во болница?

Таквиот панцир веќе е воведен во употреба во редовите на специјалните сили, каде што е позитивно оценет, што доведе до одлука да се прошири неговата употреба во целата организација.

Се очекува ова лето да им биде поделен првиот панцир на жените во холандската армија.

Министерството за одбрана најави и дека планира да набави дополнителни 7.000 панцири, со што тие ќе бидат достапни за сите воени чинови.