Црните кутии на авионот Џеџу Ер не содржат податоци од последните четири минути пред падот

Сподели со своите пријатели

Црните кутии на патничкиот авион „Џеџу ер“ што минатиот месец експлодираше на аеродромот Муан во Јужна Кореја не содржат податоци од последните четири минути пред експлозијата, соопштија денеска истражните органи, повикувајќи се на резултатите од истрагата.

Loading...

Според јужнокорејските власти, анализата на податоците од рекордерот за податоци на летот (FDR) и гласовниот рекордер (CVR) од авионот покажала дека снимките на двата уреди биле прекинати приближно четири минути пред авионот да удри во ѕид на аеродромот.

Експлозијата се случи во 9:03 часот на 29 декември, кога авион на Џеџу Ер удри во бетонски ѕид на аеродромот Муан, откако почна да се лизга по земјата бидејќи тркалата не му беа спуштени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трите најсилни партии во Германија викендов одржуваат клучни состаноци

Податоците од FDR и CVR престанале да се снимаат во 8:59 часот, што им отежнува на инспекторите да ја анализираат ситуацијата.

Иако податоците од FDR и CVR се клучни за истрагата, властите нагласија дека тие не се единствените извори на докази.

Летот на Jeju Air 7C2216, кој полета на 29 декември од Бангкок, Тајланд, кон Муан, југозападно од Сеул, принудно слета, удри во бетонски ѕид, експлодираше и се запали.

Загинаа 179 патници и членови на екипажот, јавува Танјуг.